Процесот на реформи и нивното импелемeнтирање треба да се движи многу брзо. Динамиката на спроведувањето реформите не е толку брза како што ние би сакале. Што се однесува до уставните измени прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Со самото придвижување напред, вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Крушево.
Евроамбасадорот Гир вели дека динамиката на спроведувањето на тие реформи не е толку брза како што би сакала ЕУ и дека процесот на реформи бара сите политички партии да седнат заедно и да се согласат дека тоа е врвен приоритет за земјата за да може што поскоро да се зачлени во ЕУ.
Видете и ова: Ако нема уставни измени, тоа ќе биде загрижувачки чекор за НАТО сојузницитеШто се однесува до уставните измени, прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Всушност, вели Гир, со самото придвижување напред земјава не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата.
„Првата работа што сакам да ја потенцирам, а се однесува на уставните амандмани, тоа е суверена одлука што треба да се носи од самата земја. Треба да се разгледаат сите предлози кои ќе произлезат од работната група за уставните амандмани и, всушност, да се направи, да се објасни експлицитно тоа што стои имплицитно во самиот устав за да можат луѓето кои се самоидентификуваат како Бугари да бидат вклучени во уставот. Всушност, со самото придвижување напред вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата. Искуството од тие земји кои се зачлениле во Унијата е токму спротивното. Како што земјата напредува во тој пат кон ЕУ, всушност како зајакнува како земја, така и идентитетот и јазикот на земјата во рамките на Европската унија се засилуваат“, изјави Гир.
Според евроамбасадорот, Северна Македонија има огромна можност и таа не треба да се пропушти.