Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во ракетен напад врз болница во Днипро, во источна Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека нападот се случил и рече дека властите работат на спасување на луѓето од болницата.
Претходно, регионалниот гувернер Серхиј Лисак изјави дека градот бил нападнат со ракети и беспилотни летала.
Зеленски објави видео од оштетената зграда на која се гледаат пожарникари и чад како излегува од болницата.
„Руските терористи уште еднаш го потврдуваат својот статус на борци против се што е човечко и чесно“, истакна украинскиот претседател.
Русија започна уште еден бран воздушни напади врз Украина во текот на ноќта, но повеќето од проектилите и беспилотните летала што пристигнаа беа соборени од украинската противвоздушна одбрана, објавија регионалните власти на 26 мај.
Во текот на ноќта на територијата на Украина беше прогласена повеќечасовна тревога, додека Киев и неколку други региони беа изложени на воздушни напади.