Русија започна уште еден бран воздушни напади врз Украина во текот на ноќта, но повеќето од проектилите и беспилотните летала што пристигнаа беа соборени од украинската противвоздушна одбрана, објавија регионалните власти на 26 мај.
Во текот на ноќта на територијата на Украина беше прогласена повеќечасовна тревога, додека Киев и неколку други региони биле изложени на воздушни напади.
„Руската војска истрела 17 ракети и 31 беспилотно летало од иранско производство врз цивилни и воени цели, но украинската воздушна одбрана успеа да собори десет ракети и 23 беспилотни летала“, соопшти командата на украинските воздухопловни сили.
Видете и ова: Украина одбила нов масовен напад со дронови на КиевШтети предизвикани од паѓање на остатоци се регистрирани во киевските области Оболон и Шевченковски, но шефот на воената управа на главниот град Серхи Попко изјави дека нема извештаи за повредени или жртви за време на тричасовниот напад на главниот град.
Ова е 13-ти ваков напад врз Киев овој месец. Мета на руски напади беа и регионите Харков и Днепропетровск, а градовите Мерефа и Изум во регионот Харков претрпеа штета во напад со дрон.
Борбите продолжуваат во и околу Бахмут, објави во петокот Генералштабот, што повторно е во спротивност со тврдењата на Русија дека го освоила градот во источна Украина. Највисокиот американски офицер, генерал Марк Мили, изјави дека Русија нема да постигне воена победа во Украина. Тој предвидува „тешки“ и „крвави“ борби во иднина.