Врховниот суд на Русија нареди згаснување на опозициската партија ПАРНАС. Одлуката на 25 мај беше донесена на барање на Министерството за правда.
ПАРНАС (скратена форма на името на Партијата за народна слобода) беше официјално регистрирана во 2012 година. Ја водеа поранешниот премиер Михаил Касјанов, поранешниот вицепремиер Борис Немцов и пратеникот Владимир Рижков.
Видете и ова: Илјадници маршираа во сеќавање на Немцов во МоскваНемцов беше убиен во близина на Кремљ во февруари 2015 година, а Рижков го напушти раководството на партијата пред тоа. Од почетокот на руската тековна инвазија на Украина во февруари минатата година, партијата ПАРНАС не беше политички активна.