Граѓаните најмалку им веруваат на партиите, а најмногу на армијата

Илустрација - Архивска фотографија од центарот на Скопје

Највисока доверба меѓу граѓаните имаат верските заедници (5.1), војската (5.1) и полицијата (4.3), покажува последното истражување подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, што ја спроведуваат Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Центар за управување со промени (ЦУП), со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија.

Краткиот извештај од годишното истражување за јавната перцепција за работата на Собранието, квалитетот на живот, политичките прашања и довербата во институциите во Северна Македонија содржи информации што се основаат на ставови од граѓаните во кои тие дадоа оцена на низа прашања на скала од еден до 10.

Видете и ова: Фридом хаус: Граѓаните се разочарани од политичките елити


Во однос на најважните институции во политичкиот систем, Претседателот на државата има највисока доверба -

Видете и ова: Фридом хаус: Граѓаните се разочарани од политичките елити

3.6, додека најниска оценка доби судството со 2.7. Собранието (3.4) и Владата (3.3) беа оценети речиси исто. Граѓаните имаат ниска доверба и во јавното обвинителство (2.7) и во политичките партии (3.0). Генерално, може да се забележи ниска доверба во сите општествени чинители и државни институции.

Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока (69%), додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион (80%).