Меџити: Од 2024-та еден Клинички центар, без економски директори

Министерот за здравство, Фатмир Меџити

Министерот за здравство, Фатмир Меџити очекува, од јануари 2024 година очекува да функционира еден клинички центар, најверојатно со, како што рече денеска, еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.

„Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме“, изјави министерот одговарајќи на новинарско прашање, по денешната презентација на „Мое здравје“.

Видете и ова: Термин на приватно или со врски ?


Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно. Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките.

„Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, немаме друг пат, мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба“, потенцираше Меџити.