Руската платеничка група Вагнер почна да ги повлекува своите сили од украинскиот град Бахмут и да ги предава своите позиции на редовните руски трупи, рече нејзиниот основач Евгениј Пригожин во видеото објавено во четвртокот, 25 мај.
„Ги повлекуваме единиците од Бахмут. Од пет часот наутро денеска, 25 мај до 1 јуни, повеќето единици ќе бидат префрлени во задните кампови. Ги предаваме нашите позиции на армијата“, рече тој.
Видеото беше објавено на Телеграм од неговата прес-служба, а на него се гледа како Пригожин е облечен во борбена опрема и стои до станбен блок оштетен од војна. Во саботата Пригожин го објави фаќањето на Бахмут по најдолгата и најкрвавата битка во војната.
Видете и ова: Украина одбила нов масовен напад со дронови на КиевВо најновото видео, Пригожин, кој постојано јавно ги критикуваше високите руски одбранбени функционери, рече дека неговите сили ќе бидат подготвени да се вратат во Бахмут доколку редовната армија не може да управува со ситуацијата.
Во саботата, на 20 мај, руските сили објавија дека, по неколкумесечни тешки борби, целосно го зазеле Бахмут. Украина тоа го негира и вели дека напреднале во северниот и јужниот дел на уништениот град и се надеваат дека ќе го опколат.