Тбилиси не може да дозволи Москва да воведе санкции кои можат да ја „уништат“ грузиската економија, изјави во средата, 24 март, грузискиот премиер Иракли Гарибашвили.
На неодамнешните демонстрации, опозицијата во таа земја ја обвини владата дека ги затвора противниците, ги замолчува независните медиуми, соработува со Кремљ и се обидува да не ја воведе земјата во Европската унија (ЕУ).
Неколку дена по обновувањето на воздушната линија меѓу Тбилиси и Москва, во екот на војната во Украина, грузискиот лидер ја бранеше позицијата на својата земја, која е цел на критики од меѓународната заедница.
„Ние не само што би и наштетиле на Грузија, туку би ја уништиле целата економија и би ги загрозиле интересите на нашата земја и нашиот народ доколку воведеме каква било форма на економски санкции против Русија“, рече тој на форумот во Катар.
„Ние не само што би и наштетиле на Грузија, туку би ја уништиле целата економија и би ги загрозиле интересите на нашата земја и нашиот народ доколку воведеме каква било форма на економски санкции против Русија“, рече тој на форумот во Катар.
Видете и ова: Грузиската претседателка: Одлуката на Москва за обновување на безвизниот режим е неприфатливаПроруските сепаратистички републики Абхазија и Јужна Осетија прогласија независност од Грузија на почетокот на 1990-тите, по распадот на СССР.
По кратката војна со Грузија во 2008 година, Русија ефективно ја презеде контролата врз двете територии и ја призна нивната независност.
Гарибашвили ја критикуваше меѓународната заедница која потоа, како што рече, „продолжи нормални односи со Русија“.
„Каде е логиката? Нашата војна не беше војна, а војната во Украина е војна?“, праша тој, потсетувајќи дека во 2008 година Русија окупираше 20 отсто од грузиската територија и постави две воени бази.
Грузија официјално сака да влезе во Европската унија и НАТО, но невладините организации и опозициските активисти ја обвинуваат владејачката партија Грузиски сон дека има проруски и авторитарен став.
Илјадници поддржувачи на опозицијата се собраа во април на протест против властите во Тбилиси.