Шефот на руската приватна платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вели дека планот на Москва за „демилитаризација“ на Украина не успеал и дека инвазијата на нејзиниот сосед „ја претвори украинската армија во една од најмоќните во светот“.
Во интервју со про-рускиот политички набљудувач Константин Долгов, чија целосна верзија беше објавена на 24 мај, Пригожин рече дека руската агресија ги направи Украинците „нација позната на целиот свет“.
Видете и ова: „Вагнер ни го киднапира синот и го испрати во Украина“Пригожин додаде дека Вагнер изгубил 20.000 војници за време на борбата за украинскиот град Бахмут и посочи дека војната може да заврши со бунт на руски војници.