Приватните автобуси од 24 мај се враќаат во јавниот превоз во главниот град, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).
ЈСП соопшти дека од утре во јавниот превоз се враќаат 105 приватни автобуси. Тие ќе возат на линиите - 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.
Од ЈСП соопштија дека на 23 мај директорот на ова јавно претпријатие потпишал договор со приватните превозници и тие од утре ќе сообраќаат по скопските улици, со модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди.
Ситуацијата со јавниот превоз во главниот град е влошена во последните месеци, откако од крајот на 2022 во градскиот превоз не учествуваат приватните автобуси, па автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ги презедоа и нивните линии.
Видете и ова: За проблемите дома решението се бара надворГрадоначалничката на Скопје ги раскина договорите со приватните превозници, поради „неисполнување на обврски“. Тие пак протестираа со блокирање улици барајќи Градот и ЈСП, кое е јавно претпријатие во сопственост на Градот, да им ги исплатат долговите.