Обучувањето на украинските пилоти да управуваат со борбените авиони Ф-16 од американско производство не го прави НАТО страна во конфликтот, рече шефот на Алијансата Јенс Столтенберг на 23 мај.
„Украина има право на самоодбрана...Ние и помагаме на Украина да се одржи така“, изјави Столтенберг.
„Тоа не ги прави НАТО и НАТО сојузниците страна во конфликтот“, додаде тој.
Американскиот претседател Џо Бајден на 19 мај на лидерите на Г7 им рекол дека САД ќе ги поддржат заедничките напори на западните сојузници за обука на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16, пренесе Си-Ен-Ен, цитирајќи висок американски функционер.
Видете и ова: Бајден на самитот Г-7 најавил поддршка од САД за обукa на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16
Агенцијата АП пак, цитираше двајца официјални претставници кои велат дека американскиот лидер им рекол на сојузниците дека обуката ќе се одржи во Европа во следните неколку недели, иако сè уште се разговара за тоа кога и колку авиони ќе бидат обезбедени.