Лидерот на грчката опозиција, се појави на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, но го одби мандатот за формирање влада, два дена по одржувањето на парламентарните избори во Грција.
Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас рече дека ја исполнил институционална должност да дојде на состанокот, но нема да го прими мандатот, бидејќи не произлегува можност за формирање Влада.
Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, согласно формалната уставна процедура, денеска Сакеларопулу го прими лидерот на второ рангираната партија на парламентарните избори.
Ципрас објасни дека нема причина да го прими мандатот, а Сакеларопулу изрази надеж дека на следните избори ќе произлезе Влада.
Видете и ова: Грција се соочува со нови избори, Мицотакис предлага да се одржат на 25 јуниПо средбата во претседателската палата лидерот на Сириза во изјава за медиумите рече дека презема одговорност за изборниот резултат кој за нив бил „болен шок“ и им се извини на гласачите и поддржувачите.
Со оглед на тоа дека лидерите на Нова демократија и Сириза ги вратија мандатите, Сакеларопулу ќе го покани претседателот на третата партија односно на ПАСОК – Движење на промена.
Станува збор за формална уставна процедура што започна вчера, иако веќе е сигурно дека земјата ќе оди на втори избори, а Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни.
Мицотакис во неделата освои нешто повеќе од 40 отсто од гласовите, за дупло повеќе од Сириза која освои 20 отсто од гласовите.