Следејќи ја политиката на Европската унија, Црна Гора воведе санкции против Русија, но одредени одлуки на властите беа проблематични, вели поранешната црногорска вицепремиерка и министерка за европски прашања Јована Маровиќ во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Пред неполна половина година Маровиќ поднесе оставка од Владата на Дритан Абазовиќ со изјава дека условите во Црна Гора не дозволуваат забрзување на европскиот пат.
Видете и ова: Јаков Милатовиќ стапи на должноста претседател на Црна ГораТаа му даде три совети на новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ - да не се приклучува на Отворен Балкан, што поскоро да го посети Косово, за да се отстранат сомнежите дека црногорското признавање на таа земја ќе биде доведено во прашање и да го спречи влегувањето на прорускиот Демократски фронт во новата Влада, чие формирање на неговата партија има одлучувачко влијание.
„Милатовиќ веќе изјави дека за него Отворен Балкан е позитивна иницијатива. Верувам дека со приклучувањето губиме драгоцено време што би можеле да го искористиме за исполнување на нашите обврски во процесот на интеграција во Европската унија“, вели Маровиќ во интервјуто.
Милатовиќ победи на последните претседателски избори во Црна Гора, симнувајќи го од власт Мило Ѓукановиќ. Тој на 20 мај и официјално ја презеде претседателската функција.