Украинските сили постигнаа одреден напредок на северните и јужните крила на источниот град Бахмут, изјави на 23 мај генералот Олександр Сирскиј, командант на копнените сили на Украина.
„Битката продолжува. Нашите одбранбени сили напредуваат на крилата“, напиша тој на Телеграм.
Видете и ова: Предупредувања за воздушен напад низ Украина, пријави за дронови во рускиот пограничен регионЗаменик-министерката за одбрана Хана Маљар пак, на Телеграм напиша дека борбите во градот се намалени, но продолжуваат во предградијата.
Маљар рече дека украинскиот напредок во Бахмут е „незначителен“, но Русија претрпува „големи загуби“.
Командантот Сирскиј на 21 мај призна дека украинските сили контролирале само мал дел од Бахмут.
Руските трупи се приближија до Бахмут во летото 2022 година, откако ги завршија офанзивните операции во Северодонецк, Лисичанск, Рубижни и Попаснаја. Активните борби во Бахмут започнаа есента минатата година.