Просечната нето плата исплатена во март изнесувала 34.925 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во бруто-износ, пак, мартовскиот просек е 52.318 денари.
според статистиката, растот произлегува од зголемувањето на просечната нето-плата во секторите градежништво (19,8%), образование (15.0%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9%).
Видете и ова: Пешевски: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделноСпоредено со претходниот месец, просекот на нето-платите е повисок во секторите рударство и вадење на камен (14,6%), преработувачка индустрија (6,4%) и уметност, забава и рекреација (5,4%).
Видете и ова: Повисока минимална плата од следниот месецШто се однесува до трошоците во март, минималната кошничка тогаш се мерела со 50.070 денари. За храна – 19.263 денари, режиски трошоци 13.417, за превоз минимум 3.679, за хигиена 3.186 денари. Инфлацијата во Македонија е скоро 20 отсто. Официјалните податоци покажуваат дека семејство со една просечна и една минимална плата нема доволно пари да ја наполни потрошувачката кошничка. Минималната плата со последните измени изнесува 20.175 денари.