Помилуван новинарот кој беше приведен по принудно слетување на авион во Минск

новинарот Раман Пратасевич

Помилување доби новинарот Раман Пратасевич, кој беше приведен во Белорусија во 2021 година по принудно слетување на комерцијален лет.

Пратасевич беше во авионот на Рајанер од Атина, Грција, до главниот град на Литванија, Вилнус, кога го смени курсот меѓу двете членки на ЕУ за да се упати кон Минск. Белоруската државна новинска агенција БелТА тогаш објави дека Лукашенко лично наредил борбен авион МиГ-29 да го придружува авионот на Рајанер за да слета во Минск, наводно поради закана од бомба.

Официјалните лица подоцна соопштија дека не бил пронајден експлозив во авионот.Набргу откако авионот на Рајанер слета во главниот град на Белорусија, полицијата ги однесе Протасевич и неговата девојка

На Пратасевич на 3 мај годинава му беше изречена затворска казна од осум години, додека неговите соработници Стјапан Пуцила и Јан Руџик, на кои им се судеше во отсуство, добија по 20 години затвор.

Тие беа обвинети за формирање и водење екстремистичка група , навреда на Лукашенко и заговор за преземање на власта со неуставни средства.

Тројцата мажи беа автори на каналот „Nexta Live Telegram“ кој опширно ги покриваше протестите против официјалните резултати од претседателските избори во август 2020 година, за кои опозицијата и многу западни земји рекоа дека се фалсификувани.

Видете и ова: ЕУ со санкции против Белорусија за „киднапирањето“ на авионот на Рајан-ер

Стотици луѓе се осудени на затворски казни во немирите предизвикани од изборите во 2020 година. Белорусија беше сведок на невидени протести поради изборните резултати кои траеја неколку месеци.

Илјадници беа приведени и имаше веродостојни извештаи за тортура и малтретирање на затворениците од страна на безбедносните сили. Неколку луѓе загинаа за време на акцијата.