Речиси 2 илјади војници од НАТО дел од вежбата „Брз одговор 23“ на „Криволак“

Воена вежба на армискиот полигон „Криволак“, архивска фотографија

Најголемата мултинационална вежба во Европа именувана како „Брз одговор 23“ денеска почнува да се реализира на армискиот полигон „Криволак“. Оваа вежба е дел од европската стратегија „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

„Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата што ќе се реализира на македонскиот армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Македонската арамија ќе биде дел од оваа вежба со околу 130 свои припадници , заедно со војниците од Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Видете и ова: Петровска: Веќе разговараме со која НАТО членка ќе соработуваме за хибридните закани


Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД.