Бајден вети нов пакет воена помош за Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден на маргините на Самитот на Г7 во Хирошима, Јапонија, 21 мај 2023 година

Американскиот претседател Џо Бајден на 21 мај најави нов пакет воена помош за Украина. Новиот пакет воена помош е во износ од околу 375 милиони долари и вклучува муниција, артилерија и оклопни возила.

Бајден денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на состанокот на лидерите на Групата седум најразвиени економии (Г7) во јапонскиот град Хирошима.

Бајден му рекол на украинскиот лидер дека САД прават сè што е можно за да ја зајакнат одбраната на Украина во војната која Русија ја започна на 24 февруари лани.

„Новиот пакет воена помош вклучува муниција, артилерија и оклопни борбени возила. Ние сме со Украина и нема да ја напуштиме“, рече Бајден.

Видете и ова: Зеленски - Бахмут е уништен

Зеленски му се заблагодари на Бајден за неговата поддршка.

„Ние сме благодарни. Никогаш нема да заборавиме. Ви благодариме“, рече украинскиот лидер.

На Самиот Г7 се собраа лидерите на САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада.