Украинските власти го поздравија формирањето на нова меѓународна коалиција за борбени авиони која би требало да го снабди Киев со напредни борбени авиони Ф-16.
„Се чини дека Дедо Мраз постои“, објави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на Твитер на 20 мај.
„Денеска е родена нова авионска коалиција. Ф-16 се направени за да ги победат лошите момци. Нивното време е сега!“, напиша тој.
Видете и ова: Руски напади во Украина додека Зеленски е во ЈапонијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленска е во посета на Јапонија, каде се одржува Самиот на Групата седум водечки светски економии (Г7). Тој на маргините на самитот се среќава со лидерите на земјите членки со цел да се зајакне меѓународната поддршка за напорите на Украина да се одбрани од руската инвазија, која започна пред 15 месеци, и со особена цел да обезбеди авиони Ф-16.
На 20 мај лидерите на Г7 објавија изјава во која ветија дека ќе преземат „нови чекори за да се осигура неуспех на нелегалната агресија на Русија против суверената држава Украина“.
Во изјавата се изразува и поддршка на украинскиот народ во нивната потрага по праведен мир вкоренет во почитувањето на меѓународното право.
Зеленски на маргините на самиот се сретна со британскиот премиер Риши Сунак. Потоа на Телеграм напиша дека му се заблагодарил на Сунак за „водството на Обединетото Кралство во меѓународната коалиција за млазни ловци“.
Доцна на 19 мај, САД соопштија дека ќе го олеснат трансферот на авионите Ф-16 од сојузниците во Украина и ќе дозволат обука на украинските пилоти. Веднаш по објавата на САД, Сунак рече дека Британија „ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена воздушна способност“.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, на 20 мај рече дека со обезбедувањето на Ф-16 Западот ќе се соочи со „колосални ризици“.
Грушко го обвини Западот дека „сè уште се придржува до сценариото за ескалација“ во Украина.
Зеленски, исто така, се сретна со индискиот премиер Наренда Моди. Зеленски на Телеграм напиша дека двајцата лидери разговарале за напорите за деминирање во Украина и за потребата на Киев од мобилни болници.
Зеленски се сретна и со италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Украинскиот претседател ќе учествува на седницата на самитот на Г7 на 21 мај.