Застани, кажи стоп на брзото живеење

Артисти во улога на живи статуи, се дел од уличниот уметнички фестивал „Статуафест“. Поставени се во различни актови, долж улица „Македонија“, во центарот на Скопје.
 

Настанот се одржува по седми пат, а оваа година под мотото „Голема брзина на стоење“. Намерата на организаторите, продукција „Театроск“ е, како што велат во најавата, да ги замислат минувачите за тие да се прашаат: колку навистина многу некаде брзаме?

Целта на ова издание е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење.

„Театроск“ велат дека сакале да ги замрзнат во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за тие да можат одблизу да се видат себеси, како во огледало.

„Златниот“ ди-џеј на „Статуа фест“.

„Зеленото“ момче со својот акт.

„Кафеавиот“ пар, привлекува погледи.

Минувачи на улица „Македонија“ се фотографираат со живите статуи.

„Златна“ роза за минувачите.

Место за бакшиш за уметниците.

„Стоп“ близу семафорите на „Рекорд“.

Некои од минувачите дури и заиграа со оние улични статуи во чиј акт беше предвидено и повремено движење.

Оваа група артисти во заеднички акт во близина на плоштадот во Скопје и нивните колеги долж улицата, го отворија настанот на 19-ти мај. Со нова тура актови го затвораат ова изадание на 20-ти мај.