Бајден на самитот Г-7 најавил поддршка од САД за обукa на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден им рекол на лидерите на Г7 дека САД ќе ги поддржат заедничките напори на западните сојузници за обука на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16, пренесе Си-Ен-Ен, цитирајќи висок американски функционер.

Агенцијата АП пак, цитираше двајца официјални претставници кои велат дека американскиот лидер им рекол на сојузниците дека обуката ќе се одржи во Европа во следните неколку недели, иако сè уште се разговара за тоа кога и колку авиони ќе бидат обезбедени.

Видете и ова: Самит на Г7: Нови санкции против Русија

Киев го повика Западот да ги засили испораките на воена помош, вклучително и пософистицираните ловци Ф-16, додека се подготвува за својата широкоочекувана контраофанзива.

Во меѓувреме, украинските власти потврдија дека претседателот Володимир Зеленски треба лично да присуствува на состанокот на Г7 во Хирошима по неговата ненадејна посета на Арапскиот самит во Саудиска Арабија.