Украина одби руски напад врз Киев

Украинската армија користи рефлектори за да бара беспилотни летала на небото над Киев, 19 мај 2023 година.

Украинската воздушна одбрана одби уште еден руски воздушен напад во петокот рано наутро, соборувајќи 19 беспилотни летала и проектили од 28 лансирани, соопшти украинската војска.

„Од Црното Море беа лансирани три проектили и беа соборени 16 беспилотни летала. Гранатирањето продолжува речиси секојдневно“, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат за украинската телевизија.

„Сите цели не беа погодени“, додаде тој.

Русија го зголеми бројот на ракетни и беспилотни напади овој месец, што Киев го припишува на стравот на Москва од очекувана украинска контраофанзива.

Видете и ова: Зеленски: Контраофанзивата нема да биде напад на руска територија

Украинските власти не пријавиле никакви напади врз критична инфраструктура или воени објекти, јавува Ројтерс.

Украинската престолнина Киев ден претходно беше цел на воздушен напад, по деветти пат овој месец.

Тој напад беше „без преседан во однос на силата, интензитетот и разновидноста на употребеното оружје“, објави градската управа во Киев на Телеграм.

Едно лице загина, а две други се ранети во четвртокот во ракетен напад врз Одеса, пристанишен град на Црното Море на југозапад, соопштија официјални лица. Во четвртокот експлозии се слушнаа и во централна Украина, во областите Виница, Хмелницки и Житомир.