Лидерите на земјите на Групата седум (Г7) на Самитот во Јапонија ќе разговараат за тоа како да се следи руската трговија со дијаманти со цел да се наметнат ограничувања во подоцнежна фаза, изјави на 18 мај претставник на ЕУ.
„Можете да очекувате ова да биде спомнато во коминикето на Г7“, изјави претставник на ЕУ за новинарите на брифингот.
Според него нема да има договор во оваа фаза, но очекува дека разговорите меѓу лидерите во Хирошима, на 19 и 21 мај ќе ја отворат вратата за воспоставување систем пред да се спроведат ограничувањата.
Полска во април претстави предлог за нов сет на санкции кон Русија поради инвазијата против Украина, вклучително и за увозот на нафта и дијаманти, но дебатата за скапоцените скапоцени камења беше сложена тема во Европската унија.
Видете и ова: Бајден пристигна во Јапонија за Самитот на Г7Додека некои држави повикаа на санкции, Белгија која е земјата во која е седиштето на ЕУ и има клучна улога во трговијата со дијаманти, ги отфрли барањата за ограничувањата.
Белгискиот град Антверпен е центар за трговија со скапоцени камења уште од 15 век. Во тој град се наоѓа и Светскиот дијамантски центар во Антверпен, кој има годишен обрт од 37 милијарди евра.
Светскиот центар за дијаманти соопшти дека со такви санкции кон Русија ќе му скрати околу 30% од бизнисот. Во соопштението е наведено дека од тоа ќе имаат корист само ривалските дијамантски центри, додавајќи дека на клиентите треба да им се дозволи сами да одлучат дали сакаат руски скапоцени камења.
Официјалниот претставник додаде дека приоритет за лидерите на Г7 е да разговараат за тоа како да се запре заобиколувањето на постоечките санкции.
Се очекува лидерите на Г-7 да разговараат за низа прашања за време на нивниот тридневен состанок, а руската војна во Украина најверојатно ќе биде високо на агендата, јавува новинската агенција Асошиетет прес