Украина ја одбележува 79-годишнината од депортацијата на Татарите од Крим во Централна Азија од времето на Сталин. На 18 мај 1944 година, советскиот режим започна со депортација на околу 200.000 луѓе кои во тек на три дена беа насилно отстранети со десетици железнички вагони.
Датумот што Украина официјално го одбележува како Ден на комеморацијата на жртвите од геноцидот на кримските Татари, оваа година се совпадна со Денот на Вишиванка, прослава на традиционалната украинска извезена кошула, еден од најпознатите симболи на украинската култура.
Видете и ова: Путин ја легализираше депортацијата од анектираните украински територииУкраинскиот претседател Володимир Зеленски во својот говор рече дека Татарите од Крим ја „преживеале депортацијата и ќе живеат слободно“ откако Крим окупиран од Русија ќе се врати под украинска контрола.
Секоја година на Крим, по повод годишнината од геноцидот и депортацијата се одржуваа масовни настани. Но по руската анексија на Крим во 2014 година ваквите настани беа забранети.