Американскиот претседател Џо Бајден слета во Јапонија на 18 мај за да присуствува на самитот на Групата седум (Г7) во Хирошима. Американскиот авион Air Force One слета во базата на американскиот марински корпус во јужно од Хирошима, каде што лидерите на Г7 ќе се состанат до 21 мај.
Предвидено е во агендата Јапонскиот премиер Фумио Кишида како домаќин на Самитот да одржи одделни состаноци со американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак подоцна во текот на денот, пред да започне Самитот во петок. јавува новинската агенција Асошиетет прес.
Видете и ова: Г7 предупреди на глобална економска несигурностСе очекува лидерите на Г-7 да разговараат за низа прашања за време на нивниот тридневен состанок, а руската војна во Украина најверојатно ќе биде високо на агендата, јавува новинската агенција Асошиетет прес.
Додека светските лидери патуваат кон Хирошима, Москва изврши уште еден воздушен напад врз главниот град на Украина. Силни експлозии одекнаа низ Киев во раните утрински часови, одбележувајќи го деветтиот руски воздушен напад месецов врз градот.
Видете и ова: Земјите од Г7 бараат регулативи за употреба на вештачката интелигенцијаЛидерите, исто така, најверојатно ќе разговараат за напорите за зајакнување на глобалната економија и решавање на зголемените цени што ги притискаат семејствата и владините буџети низ целиот свет, особено во земјите во развој во Африка, Азија и Латинска Америка.
Дебатата за зголемување на лимитот на долгот во најголемата светска економија на САД, го натера Бајден побрзо да планира да се врати во Вашингтон по самитот, по што ги откажа најавените состаноци во Папуа Нова Гвинеја и Австралија.