Затоплувањето на светот најверојатно ќе ги надмине температурните граници во следните неколку години, предвидуваат научниците.
Истражувачите велат дека има 66 отсто шанси температурите да надминат 1,5 степени Целзиусови од глобалното затоплување најдоцна до 2027 година.
Можностите се зголемуваат поради емисиите предизвикани од човечки активности и промените во климатските обрасци кои се очекуваат ова лето.
Доколку светот навистина ја надмине оваа граница, научниците нагласуваат дека надминувањето на температурната граница, иако e загрижувачко, најверојатно ќе биде привремено.
Достигнувањето на прагот би значело дека светот е за 1,5 степени Целзиусови потопол отколку што бил во втората половина на 19 век, пред навистина да почнат да растат емисиите на фосилни горива од индустријализацијата.
Видете и ова: Климатски промени: oд чизми во сандалиPробивањето на границата дури и за само една година е загрижувачки знак дека затоплувањето се забрзува, а не се забавува.
Бројката од 1,5 Целзиусови степени стана симбол на глобалните преговори за климатските промени. Земјите се согласија да „продолжат со напорите“ за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5 Целзиусови степени според Парискиот договор од 2015 година.
Одењето над 1,5 степени Целзиусови секоја година најмногу две децении, би довело до многу поголеми последици од затоплувањето, како што се подолги топлотни бранови, поинтензивни бури и шумски пожари.
Но, преминувањето на границата во една од следните неколку години не би значело дека е прекршена границата пропишана со Парискиот договор.
Научниците велат дека се уште има време да се ограничи глобалното затоплување со нагло намалување на емисиите.