Специјалниот претставник на Кина Ли Хуи пристигна во Киев на разговори со високи украински претставници. Оваа посета е на највисокото ниво кадешто претставник на Пекинг дошол во Украина, откако Русија ја започна инвазијата во февруари минатата година.
Пекинг, кој не ја осуди руската агресија врз својот сосед, рече дека патувањето на Ли на 17 мај е со цел да се разговара за „политичко решение“ на украинската криза.
Претходно оваа година, западните земји го отфрлија предлогот на Кина од 12 точки со кој се повикува на деескалација и евентуален прекин на огнот во Украина. Главната причина за одбивањето беше затоа што ги нагласува и повторува позициите кои се фундаментални за руските преговарачки точки.
Видете и ова: Тешки борби во Бахмут, Украина тврди дека Русија продолжува да гранатира цивилиЛи, поранешен амбасадор во Русија, ќе ги посети и Полска, Франција и Германија за време на патувањето, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, без да даде детален распоред.
Посетата доаѓа во време кога земјите од Европската унија (ЕУ) дебатираат за нов пакет санкции против Русија, кои исто така ќе бидат насочени кон кинеските и иранските компании кои ја поддржуваат Москва и дозволуваат ограничен извоз во трети земји кои ги прекршуваат постоечките трговски ограничувања.
Висок советник во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец изјави за Ројтерс дека Украина наоѓа сè поголем број компоненти од Кина во руското оружје што се користи во Украина во услови на контрола на западните санкции.
Не беше јасно дали Зеленски ќе се сретне со Ли за време на патувањето.