Русија во изминатите 24 часа продолжи да врши притисок врз источниот украински град Бахмут, објави денеска украинската армија. Руските сили гранатирале цивилни цели на југ, ден по еден од најтешките воздушни напади кои беа извршени врз Киев и други украински градови.
Руските сили извршиле 55 артилериски напади врз украинските позиции во Бахмут во текот на изминатите неколку дена, се наведува во дневниот билтен на Генералштабот, во кој се додава дека најтешките борби продолжуваат на линијата на фронтот Бахмут-Авдијивка-Маринка, каде што е центарот на рускиот притисок, на истокот на Украина.
Русија гаѓала и украински воени позиции и цивилни цели со 57 воздушни напади и 96 ракетни напади во истиот период, соопшти војската, додавајќи дека украинската противвоздушна одбрана соборила 10 беспилотни летала од иранско потекло.
Видете и ова: Советот на Европа формира систем за пресметка на штетите од руското уништување на УкраинаРакетниот одбранбен систем „Патриот“ од САД, кој го користи Украина, најверојатно претрпел одредена штета од рускиот напад, изјавија двајца американски претставници на 16 мај, додавајќи дека оти се чини дека не е уништен.
Системот Патриот е еден од бројните софистицирани единици за противвоздушна одбрана што Западот ги испорача за да ѝ помогне на Украина да ја одбие руската кампања на воздушни напади насочени кон клучната инфраструктура, електрани и други локации.
Американски функционер, кој сакаше да остане анонимен и цитирајќи првични информации, рече дека Вашингтон и Киев веќе разговараат за најдобриот начин за поправка на системот.
Русите го гранатираа и јужниот град Миколаив, при што било повредено едно лице, изјави денеска градоначалникот Олександр Сиенкевич. Една жена е ранета од шрапнели, а оштетени се цивилни и индустриски објекти.
Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар на 16 мај изјави дека Украина вратила околу 20 квадратни километри од руските сили на крилата на Бахмут, но се повлекла од повеќе терени во центарот на градот.
Видете и ова: Жесток руски воздушен напад врз Киев„Во исто време, непријателот прави одреден напредок во самиот Бахмут и целосно го уништува градот со топовска артилерија“, рече Маљар на социјалните мрежи.
Овие тврдења не можеа да бидат независно потврдени.
Во источна Украина, шефот на руската приватна платеничка група Вагнер на 16 мај изјави дека американски доброволец загинал борејќи се заедно со украинските војници.
Во видео споделено од руски воени блогери, Евгениј Пригожин го покажа телото на, како што рече, Американецот кој лежи во урнатините на зградата.
На снимката се гледа како началникот Вагнер шета со своите луѓе ноќе, а се слушаат и експлозии, но не е јасно каде и кога е снимено. Пригожин во камерата покажува, како што изгледа, документи за идентификација на војникот, без да го наведе неговото целосно име.
Последните борби се случија откако кинескиот пратеник Ли Хуи, кој е највисокиот кинески функционер што ја посети Украина, наводно пристигнал во Киев во дводневна посета. Пекинг соопшти дека патувањето на Ли е со цел да разговара за „политичко решение“ на украинската криза.