Лидерите низ Европа се фокусирани да ја повикаат Русија на одговорност за нејзината инвазија врз Украина, на самитот на 46-члениот Совет на Европа, кој се смета за чувар на демократијата, човековите права и владеењето на правото на континентот.
Самитот, кој беше отворен на 16 мај во Рејкјавик, Исланд, требаше да одобри систем кој прецизно ќе ги пресмета штетите што Москва ќе треба да ги плати за обнова на нацијата и обесштетување на жртвите.
„Нема да има сигурен мир без правда“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот преку видео обраќање од Киев.
Видете и ова: Жесток руски воздушен напад врз КиевСамитот, прв на Советот на Европа во последните 18 години, собра заедно околу 30 европски шефови на држави и влади.
Русија не е меѓу нив, бидејќи беше исклучена од групата по целосната инвазија на Кремљ врз Украина.
До крајот на дводневниот самит, учесниците сакаат да креираат скица за систем со кој Москва ќе може да се повика на одговорност за компензација на жртвите и ќе ѝ дозволи на Украина да започне процес на економско заздравување.