Дводневен самит на Советот на Европа во Рејкјавик

Рејкјавик, главниот град на Исланд ќе биде домаќин на дводневниот самит на Советот на Европа

Лидерите на 46-те земји членки на Советот на Европа попладнево се среќаваат во Рејкјавик на дводневен самит за да го изразат своето единство против Москва, една година по исфрлањето на Русија од организацијата.

Самитот, четврти за паневропската организација во нејзиното речиси 75-годишно постоење, има за цел да придонесе Русија да биде кривично одговорна за уништувањето и злосторствата при нејзината инвазија на Украина.

Видете и ова: Зеленски во Финска на самитот на нордиските лидери

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, премиертите на Велика Британија и Италија, Риши Сунак и Џорџа Мелони кои последните денови го примија украинскиот претседател Володомир Зеленски, ќе го предводат европско семејство во Рејкјавик.

Зеленски, кој ги посети Рим, Берлин, Париз и Лондон, беше поканет на самитот, но неговото присуство засега е неизвесно.

Исландските организатори се надеваат дека самитот ќе доведе до „опипливи резултати“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во изјавите за медиумите во изминатите денови изјави дека нема да оди во Рејкјавик. Истото го изјави и претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ.