Во Полска пристигнаа првите пет американски повеќецевни ракетни фрлачи Химарс, што Полска ги нарача во 2019 година по цена од 414 милиони долари, пристигнаа во Полска во понеделникот на 15 мај. Полска нарача вкупно 20 ракетни фрлачи Химарс. А годинава Соединетите американски држави се согласија да и подадат на Полска постепено 500 вакви ракетни фрлачи.
Министерот за одбрана на Полска, Мариуш Блашчак изјави во Варшава дека системот за оружје се докажал во Украина.
„ Имав разговори со производителот и американскиот секретар за одбрана и јас сум оптимист за следната нарачка за овие фрлачи“, рече Блашчак.
Полскиот министер за одбрана претходно најави дека 20 повеќецевни фрлачи ХИМАРС, зделка вредна 414 милиони долари, не е крај и дека се водат преговара за купување на уште 500 фрлачи за кои американскиот Конгрес изразил согласност, а официјална Варшава има амбиции во тој нов договор да договори и производство на ХИМАРС во Полска.
Покрај повеќецевните фрлачи, Полска нарача и борбена муниција, со дострел од 70 километри и 300 километри.
Полска ги проширува своите одбранбени капацитети како одговор на заканата што ја претставува Москва. Таа е, исто така, важен логистички центар за воена поддршка на Украина, која Русија ја нападна во февруари 2022 година.
Видете и ова: Дали ново оружје за Украина ќе ја принуди Русија да се повлече?Поради рускиот напад врз Украина, полската владејачка партија „Право и Правда“ на Јарослав Качински ја забрза модернизацијата на армијата и беше договорено да почне да издвојува за одбрана не само два отсто што ги очекува НАТО, туку дури четири отсто од БДП годишно.
Министерот Блашчак викендов на состанокот на владејачките конзервативци изјави дека целта е Полска наскоро да ја има најмоќната копнена армија во Европа.