Наскоро ќе биде избран јавен обвинител за врски меѓу Северна Македонија и Европравда( Eurojust), најави на 15 мај министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на конференцијата за започнување на проектот на Европравда – „Подобрување на прекуграничната соработка во кривичната правда во Западен Балкан“ во Хаг.
Европравда е Агенција на Европската унија за соработка во кривичното правосудство.
„Од исклучително значење е заложбата на Европравда дополнително да се ангажира со партнерите од Западен Балкан во јакнење на капацитетите за справување со прекуграничен криминал“, кажал Лога на конференцијата, соопшти Министерството за правда.
Актуелен обвинител за врски, е обвинителката Ленче Ристоска, која беше дел од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Според него, поставувањето на јавен обвинител за врски со постојан престој во Хаг ќе придонесе за видливо подобрување на резултатите во гонење на прекуграничен криминал но и за градење на националните капацитети.
Во Хаг, министерот Лога се сретна и со претседателот на Европравда, Ладислав Хамран.