Претседателот на Бугарија Румен Радев и го додели мандатот за формирање влада на кандидатката за премиер на земјата од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел.
Според Уставот, Габриел има рок од 7 дена да го предложи составот на Советот на министри. Доколку не успее, претседателот ќе го предаде следниот мандат на втората по големина пратеничка група - „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).
„Сакам да ве уверам дека ќе направам сè што е можно во рамките на овој истражувачки мандат Бугарија да има стабилна, функционална, редовна влада“, рече Габриел.
„Сфатете дека пред вас се многу пречки“, рече Радев.
На 2 април во Бугарија се одржаа петтите по ред предвремени парламентарни избори за две години. ГЕРБ победи на изборите, но со недоволна поддршка за самостојно владеење.
Во последните недели партијата имаше разговори со сите партии и засега нема јасна поддршка од доволно партнери за формирање на кабинет со мнозинство во Парламентот.