Украинската војска го поздрави неодамнешниот напредок околу Бахмут, како прв успешен контранапад во борбата против руските сили, кои се борат за контрола на источниот град, објави Ројтерс.
Но, Киев, исто така, рече дека ситуацијата во Бахмут е тешка. Украинските власти предупредија дека Москва не ја променила својата цел да го заземе градот и дека испраќа војници во предградието на Бахмут.
Украинската војска минатата недела соопшти дека почнала да ги поттиснува руските сили назад во и околу Бахмут по неколкумесечни тешки борби, а Москва призна дека нејзините сили се повлекле северно од градот.
„Напредувањето на нашите трупи долж правецот на Бахмут е првиот успех на офанзивните дејства во одбраната на Бахмут“, рече генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили, на 15 мај во изјава објавена на апликацијата за пораки, Телеграм.
Тој додаде дека последните неколку дена покажале дека „можеме да одиме напред и да го уништиме непријателот и во такви исклучително тешки услови“.
Видете и ова: Германија вети до сега најголема воена помош за Украина вредна 2,7 милијарди евраЗаменик-министерката за одбрана Хана Маљар изјави дека продолжуваат тешките борби во и околу Бахмут и дека таму „сè“ е тешко.
„Русите не ги промениле своите цели. Тие праќаат трупи во предградието на Бахмут“, напиша таа на Твитер.
Ројтер не можеше независно да ги промети извештаите од боиштето.
Москва, која започна целосна инвазија на Украина пред речиси 15 месеци, го гледа Бахмут како отскочна даска за напади врз други украински градови.
Киев претходно соопшти дека одржувањето на одбраната на Бахмут и овозможува на армијата да ја подготви својата очекувана контраофанзива.