Зеленски во посета на Велика Британија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Киев, 9 мај

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска отпатува во посета на Велика Британија, на средба со британскиот премиер Риши Сунак, како дел од турнејата на неколку клучни европски сојузници пред очекуваната голема украинска контраофанзива против руските сили.

Зеленски веќе имаше средби со германскиот и францускиот лидер, како и со италијански владини претставници во текот на викендот на турнејата за да обезбеди воена и финансиска поддршка за Украина.

Тој на Твитер потврди дека ќе патува во Велика Британија.

„Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и меѓу делегациите“, напиша Зеленски на Твитер.


Минатата недела, Велика Британија стана првата земја која почна да ја снабдува Украина со крстосувачки ракети со голем дострел.

Велика Британија ќе испрати стотици нови дронови за напад со голем дострел од над 200 километри во Украина, соопшти британската влада денеска откако претседателот Володимир Зеленски пристигна во државата на разговори со премиерот Риши Сунак.

Видете и ова: Британија и испорачува на Украина ракети со долг дострел


„Денеска премиерот ќе го потврди натамошното обезбедување од Обединетото Кралство со стотици ракети за противвоздушна одбрана како и стотици нови дронови за напад со дострел од над 200 километри“, се вели во соопштението на владата.
„Сите тие ќе бидат испорачани во текот на следните месеци додека Украина се подготвува да го засили својот отпор кон тековната руска инвазија“.