Лидерите на црногорскиот Демократски фронт, кој важи за проруски, соопштија дека овој политички сојуз, по 11 години од основањето, повеќе не постои.
Андрија Мандиќ, лидер на Нова српска демократија, Милан Кнежевиќ, претседател на Демократската народна партија и Небојша Медојевиќ, лидер на Движењето за промени, на 14 мај на заедничка прес-конференција најавија дека ќе ја продолжат политичката борба преку индивидуална акција.
Видете и ова: Извештај на ЕП: Русија создава тензии во државите од Западен БалканПрорускиот и просрпскиот Демократски фронт е најбројната коалиција на парламентарното мнозинство, која во август 2020 година, заедно со Демократите и движењето УРА, ја замени Демократската партија на социјалистот Мило Ѓукановиќ по три децении од власт.