Со богослужба во белградската црква Свети Сава денеска, 14 мај, почна седницата на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), нејзиното најважно тело, на кое покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање, јави МИА од Белград.
Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите.
На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.
Видете и ова: Посетата на рускиот владика - геостратешки офсајд„Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус“, ренесе Бета.