Граѓаните на Србија предале 13.500 парчиња оружје

Фотографија од предаденото оружје во Србија, 13 мај 2023

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека до утрото на 14 мај биле собрани околу 13.500 парчиња различно оружје и мински експлозивни направи.

„Горд сум на оваа акција и резултатите. Неопходна и важна е за поголема безбедност на нашите граѓани“, рече Вучиќ на изложувањето на нерегистрираното оружје што граѓаните го предадоа во полициските станици.

Видете и ова: Илјадници демонстранти на протестот против насилство во Белград

Властите во Србија ги повикаа граѓаните да и предадат нелегално и легално оружје на полицијата, откако во Србија се случија две масовни убиства во кои загинаа 17 лица, а 21 беа повредени.

Вучиќ рече дека меѓу предаденото оружје има и автоматски пушки со преклопен кундак, снајперски пушки и митралези, како и рачни бомби.