Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денеска, 13 мај, го одржа својот последен предизборен митинг во Истанбул и ја обвини опозицијата дека соработува со американскиот претседател Џо Бајден за негово соборување.
Анкетите покажуваат дека Ердоган заостанува зад главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу еден ден пред еден од најнеизвесните избори во модерната историја на Турција. Изборите за претседател на Турција ќе се одржат утре, а доколку ниту еден од нив не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, на 28 мај ќе се одржи втор круг.
Видете и ова: Што се „става на коцка“ на историските избори во Турција?На митинг во истанбулската област Умраније, Ердоган потсети на коментарите на Бајден во Њујорк Тајмс во јануари 2020 година, кога тој водеше кампања за Белата куќа.
Тогаш Бајден рече дека Вашингтон треба да ги охрабри противниците на Ердоган да победат на изборите, нагласувајќи дека тој не треба да биде соборен со државен удар.
Видете и ова: Ривалот на Ердоган ја обвини Русија за мешање во изборитеЕрдоган го критикуваше и Киличдароглу за неговите коментари за Русија, нарекувајќи ја Москва важен партнер на Турција.
„Русија беше еден од нашите најважни сојузници во однос на земјоделските производи“, рече тој.