Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Рим и се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела, а потоа и со италијанската премиерка Џорџа Мелони. Се очекува средба и со папата Франциск.
Зеленски пристигна во палатата Квиринал, официјалната резиденција на Матарела во италијанскиот главен град, нешто по 12 часот (10:00 часот по Гринич), каде Матарела го пречека во дворот. Подоцна Зеленски беше примен и од премиерката Џорџа Мелони.
Матарела му рекол на Зеленски дека Италија е „целосно на страната“ на Украина во нејзината борба против руската инвазија и додал дека „му е чест што е денеска во Рим“, јави ДПА.
По средбата со Мелони, италијанската премиерка изјавила дека „се обложува на победа на Украина“
Се очекува средба и со папата Франциск.
„Патувањето во Италија е важна посета за победата на Украина која доаѓа“, напиша Зеленски на Твитер.