Германија денеска, 13 мај, објави дека ќе додели 2,7 милијарди евра воена помош за Украина, што е најголемиот пакет помош од инвазијата, и вети дополнителна поддршка за Киев. Пакетот ќе вклучува 30 тенкови Леопард 1, 15 противвоздушни тенкови Гепард, над 200 извидувачки беспилотни летала и четири противвоздушни системи Ирис-Т, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, јавува Ројтерс.
„Сите сакаме брз крај на оваа ужасна и незаконска војна... За жал, тоа сè уште не може да се предвиди. Затоа, Германија ќе ја обезбеди сета помош што може - се додека е потребно“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм, ѝ се заблагодари на Германија: „Благодарам на нашите сојузници“.
Видете и ова: Украина тврди дека напредува во Бахмут, но и дека е рано за контраофанзиваУкраина побара од сојузниците оружје, авиони и муниција со долг дострел пред контраофанзивата што се очекува во наредните недели или месеци.
Германија првично не сакаше да испрати тешко оружје во Украина за да ѝ помогне да се спротивстави на руската инвазија, стравувајќи од ескалација на борбите. Сепак, во јануари Берлин се согласи да испрати тенкови Леопард и рече дека ќе работи со сојузниците за да испрати повеќе.