„Аеродроми на Црна Гора“, на 13 мај, соопштија дека нешто по 9 часот добиле одредени закани по телефон, поради што се зголемени безбедносните проверки на аеродромите во Подгорица и Тиват, пренесува агенцијата Бета.
Сообраќајот не беше во прекин, соопштија од компанијата, а од подгоричкиот аеродром соопштија дека во Подгорица бил вратен еден авион на дополнителна контрола. По детална проверка, авионот на „Аустриан ерлајнс“ полетал од аеродромот во Подгорица во 10.52 часот. Инаку, летот беше планиран за утрово во 07:00 часот.
Полициската управа соопшти дека персоналот на аеродромите во Подгорица и Тиват ги известил дека добиле телефонски повици од број од странство, со заканувачки содржини во однос на безбедноста на авионот.
Видете и ова: Дојави за бомби во училишта во Подгорица„Полициската управа согласно утврдените процедури презема мерки и дејствија од нејзина надлежност, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија од Управата на полицијата.
Поради дојава за наводно поставена бомба, на аеродромот во Подгорица биле испратени антидиверзантски увидни екипи за да се отстранат сите сомнежи.
Полициската управа соопшти дека персоналот на аеродромот во Подгорица и аеродромот Тиват ги известиле дека примиле два повици од странски број со заканувачка содржина за безбедноста на авионот.
Според податоците на веб-страницата на аеродромот во Подгорица, може да се забележи дека авионскиот сообраќај се одвива непречено.