Поранешниот пакистански премиер Имран Кан на 12 мај беше пуштен на слобода со кауција во траење од две недели, еден ден откако Врховниот суд го прогласи за незаконски неговото апсење што предизвика бран смртоносни немири низ јужноазиската држава.
„Високиот суд во Исламабад даде двенеделна кауција и исто така нареди пакистанската антикорупциска агенција да не го апси Имран Кан во овој период“, изјави адвокатот Фајсал Чаудри за медиумите по сослушувањето.
Кан е во судир со моќниот воен естаблишмент во Пакистан уште откако беше соборен со гласање за недоверба во април минатата година.
Тој ја води опозицијата од неговото соборување, за кое тврдеше дека е дел од заговор на актуелната влада и САД кои негираат вмешаност. Кан ги отфрли повеќекратните случаи за корупција отворени против него како политички мотивирани.
Видете и ова: Пакистанскиот Врховен суд го прогласи апсењето на Кан за незаконскоНеговото апсење ги „разбесни“ неговите приврзаници, кои предизвикаа немири и судири со со безбедносните сили и палејќи згради во кои се сместени државните институции.
Најмалку осум лица се убиени во немирите, а околу 2.000 се уапсени за насилство од 9 мај, кога тој беше спроведен во судот во Исламабад. На 11 мај, тричлената комисија во Врховниот суд одлучи дека неговото апсење е незаконско, наредувајќи итно ослободување на Кан, но го советуваше поранешниот премиер да соработува со антикорупциската агенција која ги истражува обвиненијата против него.
Изборната комисија во октомври го дисквалификуваше Кан од вршење јавна функција на пет години, откако судот ја утврди неговата вина во посебен случај познат како Тоша Кана, во кој тој е обвинет за профитирање од државни подароци добиени за време на неговиот мандат како премиер. Против него има најмалку 100 кривични предмети кои против него ги поднеле разни владини агенции, но тој ги негира обвинувањата. Тој ги отфрли сите обвиненијата.