Македонската полиција вчера на 11 мај привела десет луѓе поради сексуална експлоатација и трговија со дете. Акцијата била спроведена под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според полицијата во период од 2020 година до септември 2021 година еден од осомничените ја искористил немоќта и ранливоста на детото со што заедно со уште тројца сега веќе приведени го принудиле детето на сексуални односи со други мажи за паричен надомест од 50 до 200 евра.
„Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, додека на подрачје на Гостивар лишени од слобода се две лица, а едно лице се наоѓа надвор од Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МВР.