Приведени се тројца тројца македонски државјани кои се бореле за ИСИС во 2014 година. Според објавените информации македонското Биро за јавна безбедност-Сектор за борба против тероризам, во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност, уапсиле три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија.
МВР соопшти дека тројцата приведени биле на возраст од 26 до 33 години и дека „предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби“.
Видете и ова: Владата објави „црна листа“ на борци од Македонија во Сирија
Пошироката полициска акција била спроведена на територија на Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Македонија.
Полицијата при претреси во нивните домови и други простори пронашла и одземала огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди.
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска (12.05.2023) поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“.
Според проценките, 143 граѓани на Северна Македонија во последните години патувале или се обиделе да отпатуваат во Сирија, во Ирак или во двете земји за да им се придружат на терористичките групи.
Видете и ова: Стејт департмент -„Просечно висока“закана од терористички напади во МакедонијаИСИС иако не контролира територија, го докажува своето идеолошко влијание и проектира моќ со регрутирање од европските земји и поттикнува напади врз цели и јавни простори во Европа.
Според последниот извештај на Стејт Департментот нивото на терористичка закана во земјава е „просечно високо“ или средно, бидејќи има присуство на членови и симпатизери на ИСИС во земјата. Во него се наведува дека главниот контратерористички проблем на Северна Македонија во 2021 година беа враќањата на странските борци од Сирија и Ирак.