Затворен е мостот што ги поврзува Железничката станица во Скопје со Ист гејт мол, одлучи Град Скопје по синоќешниот пожар што го зафати мостот. Освен за сообраќај, мостот кој се наоѓа во центарот на главниот град, е затворен и за пешаци, додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира на 12 мај директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Забрането е движење и под мостот. Кејот ќе може да се користи со заобиколување на мостот.
Ангелов на прес-конференција, изјави дека тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите.
Видете и ова: Нови дојави за бомби во скопските училишта, Ист Гејт, Железничка станицаЗа причините за појава на пожарот на мостот, како што посочи, ќе се произнесе МВР кое во моментов врши увид.
„ Едната можност е електричен спој на високонапонските кабли што е многу малку веројатно, а втората е човечки фактор, бидејќи од она што можевме да го видиме е дека има некакви душеци и ќебиња што дека под мостот престојувале луѓе“, изјави Ангелов.
Посочи дека синоќа околу полноќ до Центарот за управување со кризи стигнала информација за голем пожар под мостот на реката Вардар помеѓу Железничката станица и Ист гејт мол. Пожарот бил ставен под контрола околу два часот изутрина, а целосно бил изгаснат во четири часот.