Американската министерка за финансии Џенет Јелен на 12 мај се сретна со германскиот министер за финансии Кристијан Линднер. Главна тема на разговор била важноста да се работи заедно за да се спротивстават на избегнувањето на западните санкции наметнати на Русија поради нејзината војна во Украина, соопшти американското Министерство за финансии.
Тие се сретнаа на маргините на состанокот на финансиските претставници на Групата седум во Нигата, Јапонија, каде што американските власти повикаа на зголемување на поддршка за Украина.
„Јелен изрази благодарност за блиската координација на Германија за спроведувањето на санкциите за Русија и разговараше за важноста на усогласувањето на напорите за спречување на избегнувањето санкции“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Видете и ова: Нови санкции на ЕУ кон Русија – Од кинески компании до РТ БалканСоединетите Американски Држави и широката коалиција на други западни земји обезбедија значителна економска, безбедносна и хуманитарна помош за Украина, притоа користејќи санкции и контрола на извозот за да наметнат големи економски трошоци за Русија.
Според американскиот секретар за медиумите нивната кампања „систематски го деградирала рускиот воено-индустриски комплекс и помогнала да се намалат приходите што Русија може да ги користи за финансирање на својата војна“. Вашингтон и коалицијата оваа година биле фокусирани на спротивставување на напорите на Русија да ги избегне тие санкции.