ХРВ за Иран: Алармантен пораст на егзекуциите

Илустрација, јавно спроведени егзекуции во Иран

Драматичeн пораст на егзекуциите во Иран забележува светската организација за заштита на очвекови права Хјуман Рајст воч. Во нивното соопштение е наведено дека ескалација на егзекуциите од страна на иранските власти во последните недели претставува сериозно кршење на правото на живот и треба да донесе меѓународна осуда.

Според нивните податоци од крајот на април, иранските власти погубиле најмалку 60 лица, вклучително и иранско-шведски државјанин под наводни обвиненија поврзани со тероризам. Хјуман рајст воч заклучува дека многу од погубените луѓе, биле осудени на смртна казна по низа нефер судења или за обвиненија, како што се прекршоци за дрога и две егзекуции за „богохулење“, кои според меѓународното право никогаш не треба да резултираат со смртна казна.

„Иранските власти очигледно користат егзекуции, нехумана казна, по нефер судења како демонстрација на сила против сопствениот народ, кој бара фундаментални промени“, рече Тара Сепехри Фар, висок ирански истражувач во Хјуман Рајст воч.

Видете и ова: Комесарот за човекови права на ОН бара Иран да престане со изрекувањето смртни казни

Таа додаде дека очекува меѓународната заедница недвосмислено да го осуди овој застрашувачки тренд и да ги притисне иранските власти да ги прекинат овие егзекуции.

Според извештајот објавен за Иран од Хјуман Рајтс Воч, организацијата со седиште во Норвешка, етничките малцинства во Иран се особено цел на неодамнешните егзекуции. Во нивното соопштение е наведено дека 130 луѓе биле егзекутирани во четири провинции Западен Азербејџан, Источен Азербејџан, Систан и Балучестан и Курдистан во 2022 година - повеќе од двојно повеќе од 62 во 2021 година и 60 во 2020 година.