Врховниот суд на Пакистан на 11 мај одлучи дека апсењето на поранешниот пакистанки премиер Имран Кан е незаконско и нареди негово итно ослободување, откако неговото притворање предизвика насилни протести ширум земјата.
Кан беше уапсен на 9 мај под обвинение за корупција и му беше одреден притвор. Неговото апсење беше кулминација на политичката криза која трае со месеци, за време на која тој водеше кампања против пакистанскиот воен естаблишмент.
На 11 мај врховниот судија на Пакистан нареди Кан да биде изведен пред Врховнито суд.
„Вашето апсење е неважечко, така што целиот процес треба да се врати на почеток“, му рече на Кан, главниот судија Умар Ата Бандиал, на сослушувањето во главниот град Исламабад.
Видете и ова: Поранешниот пакистански премиер се појави пред СудКан на сослушувањето рече дека го „третирале како терорист“.
Претходно пакистанските безбедносни сили приведоа приврзаници на Кан ширум земјата.
На Кан во април 2022 му беше изгласана недоверба.
Против него има најмалку 100 кривични предмети кои против него ги поднеле разни владини агенции, но тој ги негира обвинувањата.