Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, кој денеска беше во посета на Приштина изјави дека имал важни и корисни разговори со косовскиот премиер Албин Курти. Тие разговарале за натамошните чекори за спроведување на Договорот за нормализирање на односите со Србија.
„Важно е што јасно се разбереме за понатамошните чекори. Имавме важна дискусија од сите аспекти и јас ќе ги имам истите дискусии утре во Белград“, рече Лајчак.
Видете и ова: Лајчак се сретна со Курти во ПриштинаТој потврди дека ќе се сретне и со двајцата главни преговарачи во дијалогот на техничко ниво, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, во пресрет на средбата во Брисел во понеделник на 15 мај.
„Го имаме договорот, го имаме Анексот, треба да ги разјасниме следните чекори, прв чекор втор чекор, трет чекор“, рече Лајчак.
Тој денеска беше во посета и на Северна Митровица.
На крајот на февруари Косово и Србија се договорија за Договорот за нормализирање на односите врз основа на предлогот на ЕУ, а анексот за негова имплементација беше договорен во средината на март.